Денеска започнува изградбата на автопатот Приштина – Блаце
Објавено на 3 јули, 2014 во 07:07
Патот 6, како што уште го нарекуваат, во должина од шеесеттина километри, ќе го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Според потпишаниот договор ќе бидат инвестирани 820 милиони долари, а работите треба да завршат за 42 месеца сметано од почетокот на изградбата, односно на крајот од 2017 година.
„Овој автопат ќе биде втора сообраќајна артерија по важност на Косово, која ќе не поврзува со Македонија и ќе му помогне на Косово да стане раскрсница за сообраќај од грчките и алабнските пристаништа“ – изјави косовскиот министер за инфраструктура Фехми Мујота по потпишувањето на документот.