Најбогати земји во светот
Објавено на 10 јули, 2014 во 07:09
Светска банка објави листа на најбогати држави на светот, а најновите податоци за БДП по глава на жител во 2013. година покажуваат дека најбогатата држава на светот е Луксембург со БДП од 111.162 долари.
Следи Норвешка со 100.819 долари, а веднаш потоа и Катар со 93.352 долари по глава на жител.
Почетокот на листата не е толку изненадувачки, колку што чуди четвртото место на оваа листа на која се смести Макао, посебен управен регион во Кина кој се смета за коцкарски рај, а има 91.352 долари по глава на жител.
Следни на листата се Швајцарија, Австралија, а потоа и Данска, Шведска и Сингапур.
Уште еден изненадувачки податок е оној дека САД се најде дури на десеттото место.