Поскапе патарината
Објавено: 11 јули, 2014, во 14:15 часот
Од денеска зголемени се цените на патарините на автопатиштата во Македонија. Цените се утврдени и се објавени во Службен весник.
Патарината од Скопје до Петровец сега, наместо 30 денари, изнесува 40 денари.
На патарините на делницата Скопје – Тетово се наплаќа 40 денари, а Тетово – Гостивар 30 денари.
Од Петровец до Велес и обратно патарината е зголемена на 80 денари.
