Зголемени трошоците за регистрација на возила
Објавено на 12 јули, 2014 во 07:25
Со одлука на Владата е направена промена во висината на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила.
Така сега моторните возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари, наместо 1.060 денари како претходно.
Тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари наместо досегашните 1.530, а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари, наместо досегашните 2.040 денари.