Намалени цените на нафтените деривати
Објавено на 15 јули, 2014 во 07:30
Регулаторната комисија донесе одлука со која цената на Еуросупер од 95 октани се намалува за два денара по литар, а на Еуросупер од 98 октани за еден и пол денар по литар.
Поефтинува и Еуродизелот за 2,5 денари по литар. Пониски цени ќе има и екстра лесното масло за домаќинство.
Во просек, малопродажните цени на дериватите ќе бидат пониски за 3,39 отсто како резултат на поефтинување на нафтата на светските берзи.
Одлуката за намалување на цените следува по неколкукратното поскапување во изминатиот период.