Русин, нов закупец на Свети Стефан во Црна Гора
Рускиот милијардер Владислав Дороњин почна преговори со бизнисменот Петрос Статис за преземање или партнерство во компанијата „Adriatik propertis“, објавиа весниците во Црна Гора.
„Adriatik propertis“ е закупец на елитниот црногорски хотелскиот комплекс „Свети Стефан – Милочер“.
Црногорскиот портал Вјести објави дека од повеќе извори има потврда дека Дороњин кој на почетокот на мај и официјално стана мнозински сопственик на синџир на хотели „Аман група“, која е хотел оператор на „Градот – хотел Свети Стефан“ и „Вили Милочер“, изминатите десет дена интензивно разговарал со клучни луѓе во „Adriatik propertis“.
Разговорите се водат во време кога се очекува Парламентот на Црна Гора да одлучи за предлогот на Владата за зголемување на поволностите за закупецот на комплексот кои предвидуваат и можност за изградба на станбен комплекс во Милочерскиот парк.