„Гранит“ ќе го реконструира патот Лозово – Кадрифаково
Објавено на 22 јули, 2014 во 07:25
Градежната компанијата „Гранит“ ќе работи на реконструкџија и рехабилитација и на патниот правец Велес – Кадрифаково во делот кој ги поврзува селата Лозово – Сарамзалино – Кадрифаково.
Компанијата е избрана за најдобар понудувач на тендерот распишан од Јавното претпријатие за државни патишта.
Вредноста на договорените работи изнесува 391.676.123 ден (околу 6, 4 милиони евра).
Компанијата има рок работите да ги заврши за 18 месеци.