Потрошувачките кредити во пораст, се намалуваат кредитите за автомобили
Во јуни, или заклучно со првото економско полугодие, вкупниот кредитен пласман на банките достигна ниво од 3 милијарди и 955 милиони евра, анализира Фактор.мк.
Во однос на мај, според најновите податоци на Народната Банка, кредитната изложеност е зголемена за 51,5 милиони евра. Анализата на бројките на НБРМ покажува дека во мај има пораст и на денарските и на девизните кредити. Така, салдото на денарски кредити изнесува три милијарди евра додека девизните кредити се на ниво од 900 милиони евра.
Во исто време, јунските податоци на Народната Банка покажуваат дека расте и салдото на нефункционални кредити. Така, заклучно со првата половина од годинава нивото на сомнителни и спорни побарувања се искачи на 458 милиони евра и во однос на мај е зголемено за 2,5 милиони евра.
По завршување на првите шест месеци од годинава, домаќинствата, односно населението, по основ на кредити на банките им должи повеќе од 1,6 милијарди евра. Зголемено темпо на задолжување е регистрирано кај потрошувачките кредити чие ниво достигна повеќе од 73 милиони евра. Пораст има и кај станбените кредити додека во јуни е регистрирано ново намалување на кредитната задолженост за автомобилски кредити