Бензините поевтини од полноќ
Од денеска на полноќ возачите ќе купуваат во просек за 1,2 отсто поевтин бензин и дизел.
Регулатроната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на бензинот „еуросупер“ од 95 октани се намалува за еден денар и ќе изнесува 80 денари за литар, додека пак цена на „еуросуперот“ од 98 окрани се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 81,5 денари за литар.
Од полноќ пониска цена ќе се плаќа и за дизелот на кој цената му е намалена за 0,50 денари и ќе се продава за 67 денари за литар.
Цената пак на „екстра лесно масло за домаќинство“ (ЕЛ – 1) се намалуваат за половина денар и од полноќ ова годиво ќе чини 55,5 денари за литар.
Со одлуката на регулаторната комисија за 0,716 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М – 1 НС и сега ќе изнесува 39,632 денари за килограм.
Овие цени ќе важат следните две седмици.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривата од РКЕ ги посочуваат за 2,62 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,66 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
.