Ревитализирана хидроцентралата „Вруток“ ќе произведува повеќе струја
Објавено на 1 август, 2014 во 06:40
Наместо 150, вкупно 166 мегавати електрична енергија на час ќе произведува хидроцентралата „Вруток“. Таа е обновена, а нејзиниот капацитет е зголемен со четири мегавати повеќе од агрегат.
Со овој клучен производствен капацитет, заврши втората фаза од обновата на мавровските хидроелектрани која чини 36,6 милиони евра.
„Ние секако продолжуваме со изградба на нови објекти, но истовремено ќе направиме се за постојните капацитети да ги одржуваме во солидна кондиција, не само за сега туку и за идните генерации“, рече Дејан Бошковски – Генерален директор на АД „ЕЛЕМ“.
Најголемиот дел од средствата за ревитализација на Вруток или 27 милиони евра обезбедени се преку заем од германската КФВ банка, додека останатите 9,5 милиони евра се средства на ЕЛЕМ.