Илјадници руски туристи блокирани во Грција
Објавено на 8 август, 2014 во 07:16
Петстотини руски туристи се блокирани на грчките острови Крф, Родос и Крит, откако уште еден руски туроператор прогласи банкрот, оставајќи ги своите клиенти без превоз до татковината.
Интаер прогласи стечај само неколку дена откако петтиот најголем руски туроперотар Лавиринт падна во иста ситуација, а само тој остави во Грција над 8.000 руски туристи, кои предизвика турбуленции во туристички бранша.
Грчката страна е во контакти со руските власти, за да може осигурителната компанија на Лавиринт да ги покрие трошоците на грчките хотелиери.
Од средината на јуни до сега банкротирале уште компаниите Нева, Роза, ветрови Мир, Експо Тур, Идеал Тур и Лабиринт.