Фактор: Ребаланс на буџетот – помалку приходи од даноци а поголем економски раст!?
Повеќе пари за патни и дневни трошоци и за привремени вработувања, помалку пари за субвенции и капитални расходи, анализира Фактор.мк.
Прекроената државна каса, со намалени приходи и расходи треба ја издржи оваа 2014 та година. Буџетскиот дефицит во однос на првичната проекција се зголемува од 3,5% на 3,9%. Според креаторот на буџетот, овој раст е резултат на обезбедување на пари за доизградба на Коридорот 10. Сепак, во предлог за ребаланс на Буџетот стои дека ќе има и дополнителни средства за Фондот за пензиско осигурување за да се обезбеди редовна исплата на пензии.
Од каде и колку ќе се крати …
Исплата на надоместокот за трето дете, зголемени трансфери на сметката на ПИОМ, повеќе пари за изградба на Коридорот 10. Ова според Владата се клучните причини поради кои се посегна по ребаланс на Буџетот. Во одбрана на прекроената каса, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека се работи за мини ребаланс со кој расходната и приходната страна на Буџетот се кратат за 2%.
“Капиталните расходи се реализирани во износ од 9,639 милијарди денари. Во овој период од годината се интензивираа активностите за реализација на крупните инфраструктурни проекти, како изградба на Коридорот 10 и инвестиции во реконструкција и изградба на железничката инфраструктура. Се реализираа и повеќе проекти за подобрување на инфраструктурата во образованието, здравството, комуналната инфраструктура, како и реконструкција на здравствени објекти“ – изјави министерот за финансии Ставрески.
И со проектираниот ребаланс, годинешниот буџет останува еден од најгломазните. Владата за оваа буџетска година ќе потроши 2,8 милијарди евра. На расходната страна има незначително намалување на парите за плати, стоки и услуги и за субвенции, додека за социјалните трансфери има зголемување на средствата.
Така, сумата за плати се намалува за 1,2 милиони евра, за стоки и услуги за 400 илјади евра, за субвенции и трансфери за 1 милион евра. Еве колку пари и по кои основи ќе се трошат во оваа 2014 та година:
Плати 383 837 398 евра
Стоки и услуги 303 024 390 евра
Субвенции и трансфери 205 756 097 евра
Социјални трансфери 1 280 796 747 евра
Текстот во целост прочитај го тука.