Се подготвува тендер за гасификација на Источна и Централна Македонија
Објавено на 29 август, 2014 во 13:05
Тендерот се очекува да биде објавен следната недела за јавно приватно партнерство за изградба на гасификационата мрежа во регионот 2 и 3, односно Источна и Централна Македонија.
Повикот ќе биде објавен на официјалното гласило на ЕУ, Бирото за јавни набавки и Фајненшл Тајмс и ќе биде доставен до сите економски промотори на Македонија.
Приватниот партнер ќе има обврска во рок од 4 години од стапување на сила на договорот да изгради најмалку 71% од предвидената дистрибутивна мрежа.
Вредноста на инвестцијата за регионот 2 е околу 28 милиони евра, а за регионот 3 е 23 милиони евра.