Пораст на индустриското производство
Индексот на индустриското производство во Република Македонија во јули бележи пораст од 5,9 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули бележи опаѓање од 12 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7,6 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јули на годишно ниво бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 отсто, Капитални производи за 47,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 9,2 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на периодот јануари – јули 2013 година, бележи пораст од 4,7 отсто.