Македонија – умерено задолжена држава
Објавено на 3 септември, 2014 во 16:15
Нивото на јавниот долг на централната влада не е ризично и со салдо од 40,8 % од БДП. Македонија останува во 10 најмалку задолжени земји во Европа, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.
Парите од последното задолжување од еврообврзницата од 500 милиони евра што го набила нивото на јавниот долг ќе се користат за раздолжување, но и за подобрување на конкурентноста на земјата.
„Долгот на Македонија е поставен во функција на долгорочен економски раст што ќе помогне полесно да се враќаат обврските. 150 милиони евра од еврообврзницата од 2005 година што е земена, доспева за плаќање во 2015 и дополнително 120 милиони кон ММФ што доспеваат кон текот на следната година“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финасии.