Хрватска ќе ги зголеми платите
Објавено на 6 септември, 2014 во 09:12
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ дека ќе следуваат даночни промени, насочени на зголемување на платите за повеќе од милион работници и куповната моќ на населението.
Овие владини мерки, според него се насочени на зголемување на конкуретноста и потрошувачката во земјата, а на многу работодавци ќе овозможат на работниците да им даваат поголеми плати.
Како што посочи Милановиќ на конференцијата за новинарите, причините за донесување на тие мерки за зголемување на платите за милион работници, зголемување на расположливиот доход за средниот слој, е очекување на позитивни движења за стопанството преку зголемување на вкупната потрошувачка.