Хрватскиот Премиер се фокусира на американскиот ИТ сектор
Објавено: 10 септември, 2014, во 07:53 часот
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на крајот на септември ќе отпатува за САД, во посета на петте најголеми комапнии од американската информатичката технологија , во разговари за потенцијална соработка.
Премиерот Милановиќ ќе го посети Cisco, IBM, Microsoft, Oracle и Hewlett-Packard (HP).
Во делагацијата на премиерот Милановиќ се очекува да бидат првите луѓе на водечките хрватски компании.
Со Милановиќ и неколкуте министри во Америка ќе заминат и директорите на неколку државни институции и агенции кои исто така се заинтересирани за соработка со американски компании.
