Порасна вредноста на доларот
Објавено на 10 септември, 2014 во 14:41
Јакнењето на американското стопанство и лошите изгледи за пораст во другите делови на светот ја зголемија вредноста на доларот кој во однос на другите позначајни валути во изминативе неколку месеци порасна за 6,4 насто.
Американската валута достигна највисока вредност во однос на еврото во изминативе 14 месеци.
Ова, како што наведуваат економистите, би можело да ја собори цената на увезенета стока од Соединетите држави, како автомобилите и суровата нафта.
Тоа пак би можело да го намали профитот на американските компании, бидејќи нивните производи во странство ќе бидат поскапи.