Во јули имало помалку туристи!
За 3,9% е помал бројот туристи во јули годинава споредено со истиот период од минатата година, а бројот на ноќевањата е намален за 7%, прсметал Државниот завод за статистика.
Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%.
Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.5%, а кај странските има зголемување за 7.2%.
Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.0%, а кај странските има зголемување за 6.3%.