Намален прометот во трговијата на мало во јули
Објавено на 17 септември, 2014 во 08:13
Во трговијата на мало во јули годинава , во споредба со истиот месец лани, е евидентирано намалување на прометот, објави Државниот завод за статистика.
Намалување на прометот е забележано во групите „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ (номинално за 10 проценти, а реално за 9 проценти), а во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 0,6 проценти, а реално за 11,2 проценти).
Во трговијата на мало, освен трговија со горива е евидентирано намалување (номинално за 5,4 проценти, а реално за 5,3 проценти), а во трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7 проценти, а реално за 9,3 проценти).