Црна Гора излезе од рецесија
Централната банка на Црна Гора соопшти дека државата конечно излезе од рецесија, во која западна пред две години иако економскиот раст е се уште бавен и и има потреба од забрзување.
Според Радио-телевизија Црна Гора банката очекува годинава земјата да има раст на бруто домашниот производ од околу 2,5 проценти.
Буџетскиот дефицит на земјата ќе биде понизок од минатогодишниот, прогнозира Централната банка на Црна Гора, финансискиот систем на земјата е стабилен, а нивото на системски ризик е умерен. Растечката неликвидност на реалниот сектор продолжува да биде главната слабост на економијата, додека состојбата во банкарскиот сектор е оценета како стабилна.
За да се забрза растот на црногорската економија, акцентот треба да се стави врз структурните реформи, кои ќе создадат услови за развој и стабилност, оцени Централната банка.