Германската компанија Маркарт отвора фабрика во велешко Караслари
Објавено на 7 октомври, 2015 во 08:34
Германската компанија „Маркарт“ денеска во индустриската зона Караслари кај Велес ќе ја отвори новоизградената фабрика.
Инвестицијата се проценува на околу 35 милиони евра, а со отворањето на фабриката се очекува да се вработат околу 600 лица.
Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ.
На свеченото отворање најавено е присуство на претставници на Владата, на сопственикот на групацијата Маркарт и на генералниот директор на Маркарт Македонија, Аицхер Волфганг.
Во март минатата година германската компанија донесе одлука за инвестирање во Македонија, а првиот контакт меѓу германскиот инвеститор и претставниците на македонската Влада беше воспоставен во 2008 година.
