„Еурокомпозит“ со нов директор

Објавено: 22 мај, 2018, во 09:57 часот

Дипломираниот машински инженер од Прилеп Златко Граороски е нов директор на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“. Граороски, кој доаѓа од приватна фирма, вели дека денеска официјално е назначен од претставникот на државниот капитал на компанијата.

– Сѐ уште ништо не може да се рече. Треба да се скенира ситуацијата во фирмата – рече кратко Граороски.

Според синдикатот на компанијата, добро е што конечно се реши прашањето за назначување директор на „Еурокомпозит“ и се очекува наредните три месеци да се реши и прашањето за судбината на вработените и на компанијата.

– Нам како на вработени и на синдикат ни е битно што е избран прв човек на компанијата, да земаме редовно плата и наредните три месеци да се реши судбината на компанијата, но и да се конкретизира пакетот за технолошки вишок како што последно е договорено со премиерот Заев – изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“.

Во наменската фабрика „Еурокомпозит“ се околу 260 вработени и според договорот се очекува да се реши судбината на компанијата со стратешки инвеститор со што ќе се исплатат заостанатите плати и придонеси за вработените како и оформување пакет за технолошки вишок за 100 вработени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.