Викендов електронско аплицирање за ЕКМТ дозволи

Објавено: 10 октомври, 2018, во 10:06 часот

minzatransport fin

Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ дозволи за 2019 година и изготвување на Листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година ќе се врши од сабота 13 октомври во 0:00 часот до понеделник 15 октомври во 23:59:00 часот, информира Министерството за транспорт и врски.

– Трговските друштва кои имаат важечки лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за ЕКМТ дозволи и поединечни транспортни дозволи-резервација) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), аплицирањето можат да го направат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk, соопшти Министерството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.