Ќе се врши промена во начинот на издавање на фискални сметки

Објавено: 13 ноември, 2018, во 10:54 часот

fiskalna finМинистерство за финансии подготвува текст на измени и дополнувањата со коие се очекува намалување на даночната евазија од даночните обврзници и подобра наплата на даноците, како и доуредување и допрецизирање на глобите во законот за физичките лица и трговците поединци.

Со цел намалување на фискалната евазија на даночните обврзници се врши доуредување на начинот на вршење на контрола и постапување на Управата за јавни приходи во случаите на констатирана неправилност.

Дополнително, со овие измени се врши доуредување на глобите во законот. Исто така, ќе се врши доуредување на начинот на издавање на фискални сметки кај вршителите на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата, како и издавањето на сторни сметки кај истите и обложувалниците.

Извор: Правдико

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.