Светска банка ќе ја презентира Системската дијагностика за Македонија

Објавено: 29 ноември, 2018, во 10:11 часот

sistemskadijagnostika fin

Светската банка денеска ќе ја презентира Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) – Постигнување посветла иднина за сите.

Како што се наведува станува збор за анализа во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по осамостојувањето, односно се проценуваат како пречките така и можностите за сеопфатен и одржлив раст и се утврдуваат приоритетите на јавните политики за поддршка на развојот на земјата.

Извештајот ќе го претстават и презентираат Линда Ван Гелдер, регионален директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка, Марко Хернандез, програмски лидер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции ико-автор на извештајот и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.