Просечната плата во Хрватска изнесува 846 евра

Објавено: 8 јануари, 2019, во 09:15 часот

zagreb fin

Просечната нето плата во Хрватска, исплатена во октомври 2018 година изнесуваше 6.281 кунa односно 846 евра. На годишно ниво тоа е реално зголемување за 2,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на септември, просечната исплатена нето плата е поголема за 0,8 отсто, пренесува Хина.

Најголема просечна нето плата во октомври имале вработените по воздухопловниот сообраќај од 1.512 евра, а најниска од 556 евра вработените во секторот на услужни дејности.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.