Цената на нафтата на светските берзи се зголеми за 13,8 %

Објавено: 16 септември, 2019, во 08:19 часот

nafta fin

Цената на фјучерсите на нафтенатата марка Брент при отворањето на берзата ИСЕ во Лондон се зголеми за 13,86 проценти на 69,91 долари за барел, јавија светските медиуми.

Во првите минути, цената на нафтата достигна плафон од 71,95 долари за барел. Последен пат цената на нафтата беше на ниво од 71 долар во мај 2019 година.

Цените на нафтата растат после извештаите за напади со дронови на нафтени постројки во Саудиска Арабија.

Според „Волстрит џурнал“, саудиските власти очекуваат националната нафтена компанија Сауди Арамко до вечер да го продолжи производството на нафта за една третина. Според весникот, нападите го намалија производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.