Оштетените штедачи од Еуростандард банка со иницијатива до Уставен суд Оштетените штедачи од Еуростандард банка поднесоа

Објавено на 3 ноември, 2020 во 09:30

eurostandardbanka fin

3.11.2020

Оштетените штедачи од Еуростандард банка поднесоа иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за банки со кој предност при целосната наплата од стечајната маса има Фондот за осигурување на депозити.

Од Уставниот суд се бара да изрече привремена мерка со која ќе се запре извршувањето на сите подзаконски акти, поединечни акти или дејствија што би се преземале врз основа на членот кој се спори, се додека не се донесе конечната одлука.

Оштетените штедачи кои ги има 780 на број не отстапуваат ниту од барањето државата целосно да ги обесштети преку носење закон, уредба на Влада или некој друг правен механизам, зашто преку Фондото за осигрурување на депозитите им следува отштета до 30 илјади евра, а остатокот од парите треба да го чекаат од стечајната маса. Првото судско рочиште за стечајот на Еуростандард банка е закажано за петок, 6 ноември, но според сознанијата на штедачите, од стечајната маса тие не можат да очекуваат повеќе од четвртина од бараната сума.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.