Германски Дрекслермаер бара работници и нуди плата од околу 8 илјади денари
Германски Дрекселмајер бара работници за фабриката лоцирана во индустриската зона во Кавадарци. Се бара сметководител, специјалист за човечки ресурси, царински службеник, службеник за обука, помошник на генералниот директор, систем администратор и уште неколку други работни места, jави Фактор.
Сепак, она што е интересно е дека речиси на сите позиции се нуди плата од 8.050 денари.
Па така, за помошник на генералниот директор, со забелешка дека станува збор за технички асистент на технички директор, со работно време од 8 до 16 часот, односно 40 часа во неделата, и на определно време од 6 месеци се нуди плата од 8.100 денари.
Плата од 8.100 денари се нуди и за работната позција на Црински службеник. Станува збор за новоотворено место во компнијата, со работа во три смени, на определено време од 6 месеци.
А, 8.050 денари се нуди за работно место возач на патнички автомобил, со 40 работни часа неделно и со работно време од 8 до 16 часот. Работното место е на определено време од 6 месеци.
И на сите останати огласи за вработување во Дрекселмајер што се објавени на сајтот на државната Агенцијата за вработување, понудената плата е 8.050, односно 8.100 денари. Или, впишаната сума во огласите е колку што изнесуваше минималната плата во земјава до пред неколку недели, односно пред владата да донесе одлука за нејзино зголемување.
Текстот во целост прочитајте го тука.