Почнува либерализацијата на пазарот на струја за големите потрошувачи
Објавено на 1 април, 2014 во 14:36
Своите потреби за електрична енергија 222 македонски компании од денеска ќе ги задоволуваат на слободниот пазар.
Со тоа официјално стапува на сила втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија која првично требаше да се случи во декември 2012 година, за потоа да биде одложена за јуни 2013 година.
Како причина за одложувањето беше наведено можното поскапување на струјата за тарифните потрошувачи, односно за домаќинствата за кои либерализацијата на пазарот е предвидена од 1 јануари следната година.