Наков остана во НО на „Фершпед“, а Трајковска отповикана
Штерјо Наков останува во Надзорниот одбор на најголемата шпедитесрка компанија „Фершпед“, а досегашната потпретседателка на одборот Кираца Трајковска е отповикана со мнозинство гласови, jaви Телма.
Вака заврши вонредната седница на Акционерското собрание што се одржа во хотелот „Метропол“ во Охрид која беше свикана по иницијатива на Трајковска но, таа не присуствуваше на неа. На местото на Кираца Трајковска е поставен Љубомир Давидовиќ, кој беше предложен за член на Надзорниот одбор од страна на Друштвото за инвестирање и консалтинг „Консалтинг инвестментс син ДОО“ од Скопје.
Во имас на застапникот на странскиот фонд, Квест Инвестмент, кој поседува околу 2,8 отсто од акциите во „Фершпед“,адвокатот Венцислав Гушев вели дека недоследностите во работењето на компанијата продолжиле и на денешното собрание, без материјална расправа по ниту една точка од дневниот ред, а кои се однесувале на вонредна ревизија,износот на дивидендата и нова емисија на акции. Остануваат на ставот дека независна ревизорска кука треба да изврши ревизија на работењето на „Фершпед“.
-Не сме рамнодушни. Прашањето за давање позајмици мора да се реши со увид од ревизор кој досега не работел за „Фершпед“, ни изјави Гушев. 0
Македонската берза веке го објави соопштението за отповикување на Трајковска и назначувањето на новиот член во НО како и одлуката, акумулираната нераспределена добивка да остане неподелена и да се користи за деловни цели на друштвото и интересите на акционерите. Наков заедно со неговите синови поседува 25 отсто од акциите во „Фершпед“, Консалтинг инвестментс син ДОО на Кираца Трајковска 11,9 проценти, Драгослав Димевски 5 отсто, а странскиот фонд Квест инвестментс околу 2,8 проценти.