ДВ: Нова банкнота од 10 евра
Европската централна банка претстави нова банкнота од 10 евра. Новата банкнота, која ќе биде уште потешка за фалсификување ќе биде пуштена во оптек на 23 септември 2014 година,јави Дојче Веле.
Главна причина за воведувањето на новата банкнота, според Европската централна банка е во тоа што при нејзината изработка се користи подобра технологија против фалсификување и што таа ќе има подолг век на траење. ЕЦБ минатата година почна со замена на банкнотите во апоени од пет евра. Сега на ред се банкнотите од 10 евра, а подоцна ќе се заменуваат и оние во апоени од 20, 50, 100, 200 и 500 евра.
ЕЦБ новите банкноти ги нарече „Серија Европа“ бидејќи го носат ликот на Европа од грчката митологија, по која Стариот континент и го добил името. Се работи за вазна стара повеќе од 2.000 години од југот на Италија. Таа вазна од една страна се појавува како воден жиг, а на другата како холограмска лента.
Иако последните години не е зголемен бројот на фалсификуваните банкноти, ЕЦБ со воведувањето на новите сака да оди чекор пред криминалците. Но, она што се зголемува е квалитетот на фалсификувањето, вели Лео Клајнханс од германското биро за криминалистика.
„Кога во 2002. беше воведено еврото, веднаш се појавија и фалсификувани банкноти. Но, тие беа примитивни копии“. Подоцна биле развиени методи на печатење со помош на кои фалсификаторите се доближија до оригиналот. Клајнханс очекува дека нешто слично ќе се случува и со новите банкноти.
„Вистинските ефекти ќе се видат дури кога во оптек ќе бидат пуштени новите банкноти во апоени од 20 и 50 евра затоа што тие најмногу се фалсификуваат“, очекува експертот.
Текстот во целост прочитајте го тука.