Ново, „Ултра дизел пауер џет“ гориво
Компанијата „Макпетрол“ го промовираше новото „Ултра дизел пауер џет“ гориво. Од Компанијата информираат дека станува збор за гориво произведено во согласност со најсовремените европски и светски стандарди и овозможува намалена потрошувачка, зголемена моќност и перфомански на моторите, но и заштита на животната средина.
-Ова гориво е кристално чисто кое се добива со филтрација на дизел горивото низ филтри кои се користат за филтрација на авиогоривата. На тој начин се одстрануваат и најмалите траги од контаминенти (на ниво на микродимензии) кои во текот на производство, складирањето и дистрибуцијата го загадуваат дизел горивото. новото дизел гориво на Макпетрол сега има за четири пати помалку вода од дозволеното согласно европските стандарди и десет пати помалку од американските, изјави Виктор Глигоров, раководителот на Секторот за контрола на горива во „Макпетрол“.