Просечната нето-плата во август 21.108 денари

Објавено: 29 октомври, 2013, во 15:24 часот

Во август во Македонија просечната нето-плата изнесувала  21.108 денари, а просечната бруто плата 30.990 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето и бруто плата по вработен, во август годинава е повисока за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7 отсто), Други услужни дејности (6,7) и Рударство и вадење на камен (5,6 отсто), и на зголемувањето на бруто-платата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (6,7 отсто), Рударство и вадење на камен (6,6) и Други услужни дејности (6,6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,8) и Транспорт и складирање (3 отсто).

Во август 2013 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.