Светска банка предвидува глобален раст за годинава
Објавено на 15 јануари, 2014 во 08:24
Светската банка предвидува подобрување на глобалната економија годинава со забрзан раст во земјите во развој.
Во извештајот на меѓународната организација се наведува дека светскиот бруто домашен производ ќе забележи раст од 2.4 проценти минатата година на 3.2 отсто годинава.
Се предвидува стабилизација на глобалниот раст на 3.4 проценти.
Светската банка предвидува дека постојаниот силен раст во Кина ќе влијае на економскиот раст во земјите во развој се очекува и забрзување на растот во земјите кои се опоравуваат од последиците од светската финансиска криза.