УЈП нема да казнува за неплатен персонален данок од еден денар
Граѓаните кои од Управата за јавни приходи (УЈП) добија даночни решенија со износ од еден или два денари за персонален данок од доход не треба да го плаќаат долгот, туку да појдат во УЈП каде што административно ќе биде расчистена даночната состојба, јави Плусинфо.
Од Управата за јавни приходи соопштија дека даночни решенија на износ од еден денар добиле 26 илјади граѓани, a за овој износ не се казнува. Сепак, за да не им се провлекува долгот, граѓаните ќе треба да ја расчистат состојбата.
Изминатите години големи реакции во јавноста предизвикуваа баш овие даночни решенија, со кои се регистрира минимален долг. Ако во почетокот Управата инсистираше дека данок си е данок и оти мора да се плати, макар бил и од еден денар, сега веќе и даночниците попуштија и се децидни дека најверојатно само се работи за несовпаѓање во податоците.