Законот за пушење прекршен во пет угостителски објекти во Тетово
Пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово, Мала Речица, Камењане и Синичане биле цел на заедничката акциска контрола на полицијата и УЈП за почитување на одредбите од Законот за пушење, спроведена синоќа во периодот помеѓу 19 и 23 часот информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– При контролата биле забележани девет прекршувања на Законот за пушење од исто толку физички лица кои добиле покани за наплата на глоба. Од страна на УЈП биле констатирани и други видови пропусти и прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани од нивна страна, рече Јосифовски.
24 Вести јави дека ова е четврта ваква контрола спроведена во текот на изминатата недела во Тетовско-гостиварскиот регион што има зацел спречување на непочитувањето и кршењето на Законот за пушење во затворен простор. Казните за ова изнесуваат 150 евра во денарска противвредност за физичко лице и од 2.000 до 4.500 илјади евра за правно лице.