И Холандија бара земјите да можат да ја напуштаат ЕУ!

Објавено на 1 февруари, 2013 во 08:37

 

По Велика Британија и Австрија, и Холандија застана зад идејата да им се дозволи на европските земји да можат да излезат од европските институции во кои членуваат, вклучувајќи ги ЕУ, еврозоната и шенгенската зона.

 

Оваа идеја, холандскиот премиер Марк Руте му ја упати на парламентот преку писмо, со објаснување дека за тоа ќе треба да се променат договорот од Мастрихт и шенгенскиот договор.

Тој и претходно изјави дека ЕУ не смее да биде „Хотел Калифорнија“, од кој, како што се вели во песната, можеш само да се одјавиш, но не и да заминеш.

Сепак, најголеми потреси во Брисел предизвика најавата на британскиот премиер Дејвид Камерон кој рече дека доколку победи на следните избори, во 2017 година ќе распише референдум за членството на Британија во ЕУ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.