ЕУ : Србија да го врати нивото на афлатоксин!

Објавено на 2 март, 2013 во 11:43

Ако не го врати дозволеното ниво на афлатоксин на 0,05 микрограми Србија нема да исполни ниту една обврска  во процесот на евроинтеграции,порачуваат од Делегацијата на ЕУ во Србија.

Како една од причините заради која Владата го сменила правилникот,министерот за земјоделство  Горан Кнежевиќ ја наведува и таа што овој пропис на списокот не е обврзувачки услов за влез во ЕУ,а кое Делагицијата на ЕУ во Србија,за Блиц го демантира.

-„Усогласувањето на српските прописи со европската регулатива е дел од процесот за евроинтеграции и пред влез во ЕУ Србија ќе мора да го примени и овој стандард во својот правен систем и стандарди за храна“,велат за Блиц од Делегацијата на ЕУ во Србија.

Тие посочуваат и дека во случај Србија да одлучи да го зголеми дозволеното ниво на афлатоксин во млекото,таквото млеко нема да ги исполнува стандардите неопходни за извоз на пазарите на ЕУ.

Блиц наведува дека Министерството за земјоделство на Србија не е дораснато за проблемот кој ја загрозил производството и преработката на млеко во Србија и дека прво го прикривало проблемот,потоа се обидело да го префрли на политички терен а тогаш го вратиле стариот правилник и десет пати повеќе ја зголемиле дозволената граница на присуство на афлатоксин,пишува Блиц. / Б.Н.Т

Извор: БЛИЦ

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.