Колку коњско месо е изедено?
Објавено на 18 април, 2013 во 08:00
Европската унија во 27 земји членки спроведе над 7000 анализи на производи означени како говедски,при што е утврдено дека скоро 5 отсто од нив содржеле коњско месо.
Европскиот комесар за здравство Тонио Борг изјавил дека пред се се работи за „прашање на измама,а не за безбедност на храната„.
Борг потенцирал дека Европската комисија ќе предложи мерки за зајакната контрола во целиот ланец на продажба и ветил строги казни за лажното обележување на храната.
Утврдено е дека 0,5 отсто од производите содржат фенилбутазон – лек кој им се дава на коњите а може да предизвика здравствени проблеми кај луѓето.
Меѓутоа ветеринарите велат дека е многу мал ризикот од последици по луѓето ако тој лек дојде во храната во мали количини./Б.Н.Т
Извор : Бета