ЕУ: Состојбата со говедарството е алармантна!
Катастрофална е состојбата со говедско месо во Европската унија, предупредуваат од Асоцијацијата на европски фармери и од задругите кои повикаа на итна акција за санирање на ваквата состојба.
Генералниот секретар на Copa-Cogeca, Пека Песонен вели дека производството на говедско месо во Унијата веќе не е бизнис кој носи профит а кризата ја зголемуваат слабите трговски приходи.
-„Од голема важност е да се донесат политички одлуки кои ќе го заштитат производството и ќе ја сочуваат иднината на овој сектор,“ смета Песонен.
Претседателот на работната група на ЕУ за говедско месо, Пјер Чевалиер во Брисел посочи дека ситуацијата во секторот поради временските промени е алармантна притоа мислејќи на доцната зима, врнежливото време, во неколку земјите членки, кое го отежнува снабдувањето со сточна храна.