Филипче: Не дозволуваме избор на вакцини, сите се безбедни
Објавено на 5 мај, 2021 во 11:55
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференцијаистакана дека сите вакцини се безбедни и засега не е дозволен избор.
-Не дозволуваме избор на вакцини тие се поделени во пунктови за вакцини која на располагање со таа се вакцинира. Освен вакцината на АстраЗенека која е наменета за над 60 години. Апелирам до граѓаните да се пријават за вакцинација, рече Филипче.
Според официјалите податоци од Министерството за здравство досега вакцина против Ковид во земјава примиле 61.600 граѓани, а интерес за вакцинација пројавиле над 218.500 лица.