Германскиот синџир на аптеки Росман ќе се шири на Балканот со влегување и во Северна Македонија 

Објавено на 19 септември, 2023 во 11:23

Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum,јави МИА.

Компанијата Росман неодамна објави рекорден раст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година.

Најавуваат и дека нивниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија.

Преку партнерство и франшиза, тие од неодамна се присутни и во Азербејџан. Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа.

Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работат на повеќе од 4. 500 локации низ Европа и вработуваат 60. 000 работници.

Компанијата Росман пред неколку недели објави дека на данскиот пазар влегува без продавници за малопродажба.  Росман ќе го води целиот свој бизнис преку онлајн тргување.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.