Голем број граѓани не го почитувале полицискиот час
Објавено на 31 мај, 2021 во 10:59
Од полноќ до 4 часот утрово констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на државата за неносење лична заштита на лице биле изречени 218 казни.
Министерство за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.