Горивата поскапуваат за денар
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,50 денари, а 78,50 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 68,50 денари, а 68 денари Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,249 денари по килограм и ќе изнесува 43,010 денари за килограм.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, според одлуката на РКЕ, во просек изнесува1,23 проценти во однос на одлуката на регулаторното тело од 12-ти месецов. Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 проценти, кај дизелот за 2,842 проценти, кај екстра лесното масло за 2,853 проценти и кај мазутот за 0,554 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,164 проценти, наведува РКЕ во одлуката за променат на цените на нафтените деривати.