Грчки хакери „упадна “ во сајтот на МОН, од минстерствот велат дека имало обид за хакерски напад

Објавено на 7 февруари, 2022 во 09:50

Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ тврдат дека го хакирале македонското Министерство за образование и наука.

Според Твитер профилот „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери.

Вчера од Министерството за бразование за ТВ21 изјавија дека имало обид за хакерски напад, но објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.