Исплатата на пензиите повторно пред први
Објавено на 28 јули, 2023 во 15:06
Исплатата на пензиите за овој месец ќе бие повторно пред први, соопшти Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
„Продолжуваме со предвремено исплаќање на пензиите, јулските пензии ќе започнат со исплата на 31 јули! Од експозитурите на банките пензионерите ќе можат да ги подигнат пензиите во следните групи:
-31.07.2023 година за пензии со висина до 14.000 денари
-01.08.2023 година за пензии со висина над 14.001 денар
Пензионерите кои користат платежни картички со парите ќе располагаат од 31.07.2023 година, соопшти министерката.
Дума.мк