Јавното обвинителство со официјално соопштение за смртта на 83 годишна жена
Објавено на 24 јануари, 2023 во 10:38
Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт, пишува портатол Дрнка.мк. Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра, стои во соопштението на Јавното обвинителство.
По насоки на јавниот обвинител интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривично дело.
Дума.мк