Какво време нè очекува за продолжениот викенд?

Објавено на 28 април, 2023 во 09:30

Наутро со ниски температури за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ова го објавија од УХМР за денешната временска прогноза. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од -2 до 7 степени, а дневната од 10 до 22 степени.

Температурата ќе достигне до 20 степени.

Утре се очекува максимална температура до 22 степени, а преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец.

В недела (30 април) се очекува локално зголемување на облачноста, проследено со краткотраен дожд и појава на грмежи.

На 1 мај времето ќе биде умерено облачно, а попладне со локален пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и максималната температура ќе биде до 23 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.